Search
|     contact@ugd.edu.mk

Промовирана Програма за менторство во рамките на проектот „The Game, Set, Equality“ подготвена за примена во спортските клубови

Споделете

Програмата за менторство на жените во спортот, со акцент на жените во тенисот како еден од клучните резултати на проектот „Game, Set, Equality“ (№ 101134022 — Game Set Equality — ERASMUS-SPORT-2023), е финализирана и подготвена за примена во тениските клубови и останатите спортски организации. Менторската програма е дизајнирана да ги поттикне и поддржи жените тренери и официјални лица во тенисот. Менторската програма обезбедува структуриран и сеопфатен пристап за развој на кариера, лидерство и градење вештини, со цел да се зголеми бројот на жени во тениски тренерски и судски улоги.

Што нуди менторска програма?

Програмата „Game, Set, Equality Mentoring“ нуди алатки, насоки и ресурси на жените тренери, судии и менаџери во тенисот и останатите спортови со кои се овозможува напредок и успех во кариерата во спортот преку користење на придобивките од менторството. Без разлика дали сте амбициозен тренер, актуелен службеник или жена која сака да преземе водечка улога во тенисот, оваа програма нуди непроценлива поддршка и можности за вмрежување. Истата нуди насоки и чекори подеднакво за менторите и за менторираните кои започнуваат професионална кариера во тениските клубови.

Менторската програма беше промовирана на УГД пред жени тренери, спортисти и менаџери во спортски клубови. На настанот учествуваа повеќе од 40 спортисти и спортистки и истите споделија свои мислења за потребата од ваков тип на прирачник Програмата е достапна на веб-страницата на проектот www.gamesetequality.eu