Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД ќе учествува и на јубилејниот 20. Виз ер маратон

Споделете

Универзитетски спортски и културен центар продолжува со традицијата за учество на атлетски натпревари како дел од активностите за промоција на УГД како активен и спортски Универзитет.

Вработените и студентите на УГД ќе можат да се пријават за учество на атлетската трка како дел од тимот на УГД на еден од најмасовните спортски настани 20. јубилејно издание Виз ер скопски маратон, кој ќе се одржи на 6.10.2024 год. (недела) во Скопје.

Сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ – Штип имаат можност да се пријават за учество како дел од УГД тим со можност за учество на:

  • Маратон (42,194 км)
  • Полумаратон (21,097 км)
  • 5 км
  • Штафетен маратон (10-11-10-11 км) тимовите можат да бидат составени од 4 мажи, 4 жени или мешано (2 мажи и 2 жени).

Котизацијата за учество и превозот до Скопје ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар.

Пријавувањето за спортската манифестација Виз ер скопски маратон 2024 е преку е-пошта и телефонски број, најдоцна до 22.8.2024 год.

Тел. број:  072/252-052, м-р Ванчо Барбареев

Е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk