Атлетската трка „November run 2024“ во Гевгелија и годинава не помина без учество на претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. 23 студенти и вработени на УГД беа дел од рекреативците кои трчаа на 5 и 10 километри низ улиците на Гевгелија. Оваа трка ја организира Атлетскиот клуб „7 ноември“, во чест на денот на ослободување на градот.
За Универзитетот „Гоце Делчев“ ова учество е всушност продолжување на традицијата на присуство на вакви атлетски манифестации, како дел од активностите на Спортскиот и културен центар на УГД.