Успешен настап имаа студентите и вработените на УГД кои беа дел од 7. Кавадаречки полумаратон. Како претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ учествуваа десет учесници, студенти и вработени.
Успешниот настап на трката „Го сакам Кавадарци“ – 2025 беше потврден со два одлични резултати – Бојана Костадинова го освои второто место на трката на 5 километри, а Никола Алексов беше трет на 10 километри.
Од УГД учествуваа 10 студенти и вработени, вкупно на оваа атлетска манифестација околу 500 учесничка.
Спортскиот и културен центар на УГД веќе е во подготовка на следната активност, а тоа е планинарска тура на Галичица, која ќе се реализира на 30 март.