Search
|     contact@ugd.edu.mk

Зоран Николов се искачи на Аконкагва, највисокиот врв на Андите (6962 мнв)

Зоран Николов, вљубеник во планините, планинар и вработен на УГД, го освои највисокиот врв на американскиот континент Аконкагва, со 6962 метри надморска височина.
Споделете
Зоран Николов, вљубеник во планините, планинар и вработен на УГД, го освои највисокиот врв на американскиот континент Аконкагва, со 6962 метри надморска височина. Експедицијата траеше од 1 до 20 февруари 2024 г. Зоран Николов е вработен на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, учествуваше на планинарска експедиција за искачување на највисокиот врв на Андите, а воедно и највисок на американскиот континент – Аконкагва 6962 мнв. Изминувајќи ги сите пречки и тешкотии во текот на експедицијата на висини каде што речиси нема кислород, тој покрај државното и општинското знаме гордо го крена и дресот со логото на нашиот универзитет. Со тоа Николов е еден од единствените двајца штипјани (и воопшто од источниот дел на државата) кој се искачил на овој врв, кој е безмалку 7000 метри. Во минатото се има искачено на сите балкански врвови кои се под 3000 метри, на Алпите над 4000 метри, Арарат во Турција над 5000 метри и Памир во Киргистан над 6000 метри.