Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студенти на УГД имаа спортски активности во атлетика и планинарење

Споделете

Студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во последниот период имаа неколку активности во атлетика, рекреација и планинарење.

Во рамки на активностите по повод 8 ноември – Ден на ослободување на Штип, десет студенти во машка конкуренција учествуваа на традиционалната „Ноќна трка“, при што студентите постигнаа одлични резултати во конкуренција за возрасни, при што ги освоија првите три места, во конкуренција за возрасни редоследот е следен:

  • 1. место      Дино Михалов       –     УГД;
  • 2. место     Дејвид Стојов      –        УГД;
  • 3. место      Трајче Николовски   – УГД.

Студентите од ФМН во рамки на наставата по предметот Спорт и рекреација учествуваа на Планинарската тура „Водно 2023“, која претставува продолжување на традицијата  на организирање и учество на вакви настани.

Студентите постигнаа одличен резултат. Организацијата беше на Универзитетски спортски и културен центар на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, а беа предводени од професорите по Спорт и рекреација, м-р Ванчо Барбареев и м-р Љупче Нехтенин.