На 14 март во Тренинг-центарот при УГД се одржа Работилница на тема „Уметност во функција” во која беа вклучени студентите од ФПТН – насока Дизајн на ентериер и мебел, Ликовна академија и Машински факултет при УГД. Студентите преку скицирање на сопствен дизајн формираа функционална форма, земајќи ги предвид изборот на соодветен материјал, структура, конструкција и производен процес сѐ до креирање на финален производ од негова идеја до продажба.
Делата на студентите изработени на оваа Работилница ќе бидат претставени на изложба која ќе биде организирана во рамките на активностите за одбележување на Денот на Универзитетот „Гоце Делчев“.