Search
|     contact@ugd.edu.mk

Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува? – 16 години УГД

На Свечената академија, по повод Патрониот празник, како мотивација за идни успеси, беа наградени 18 студенти со најдобар успех, како и десетици благодарници на истакнати институции и лица во општеството.
Споделете

Универзитетите се клучни за развојот на општеството. Како јавни институции имаат за цел, не само да ги подготват студентите за кариерата која ќе ја изберат, туку пред сè, да ги образуваат како граѓани со широк светоглед и знаења, спремни да го градат идниот свет.

Со Свечена академија, одбележани 16 години УГД:

#УГД е универзитет кој во своето 16-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научно-истражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Универзитетот „Гоце Делчев“ од дрон:

Младите кои во текот на овој временски период ни ја подарија својата доверба и станаа наши студенти, се стекнаа со знаење и вештини кои им овозможуваат да бидат успешни во својата кариера, да креираат нови бизниси, да ги лекуваат болните, да произведуваат здрава храна, да го пренесуваат македонскиот јазик на идните генерации, да учителствуваат, да го менуваат општеството и да го унапредат животот на луѓето во него.

На Свечената академија, по повод Патрониот празник, како мотивација за идни успеси, беа наградени 18 студенти со најдобар успех, дипломирани 2022 година, со свечена пофалница и вредносен ваучер од 10.000 денари.

Наградени студенти со најдобар успех, дипломирани во 2022 година се:
1. Даниел Ташев, Економски факултет;
2. Климентина Соколовска, Ликовна академија;
3. Симона Китановска, Музичка академија;
4. Надежда Глигорова, Правен факултет;
5. Памела Реџеповска, Факултет за информатика;
6. Елизабета Митева, Факултет за медицински науки – Општа медицина;
7. Теодора Сенева, Факултет за медицински науки – Дентална медицина;
8. Изабела Јорданова, Факултет за медицински науки – Фармација;
9. Благој Димов, Факултет за образовни науки;
10. Ана Михаиловска, Факултет за природни и технички науки;
11. Марија Миленковска, Факултет за туризам и бизнис логистика;
12. Теодора Митровска, Факултет за туризам и бизнис логистика;
13. Ивана Балабанова, Филмска академија;
14. Мила Калајџиева, Филолошки факултет;
15. Ивона Лазарова, Електротехнички факултет;
16. Сања Павлова, Земјоделски факултет;
17. Мартина Георгиев, Машински факултет.
18. Цветанка Гаревска, Технолошко – технички факултет.

Воедно, беа доделени и благодарници на истакнати институции во општеството, за поддршката и соработката која ја градиме, со цел квалитетно образование и работење на УГД, како и на пензионираните вработени на УГД.

Наградени институции и лица, со особен придонес и поддршка на Универзитетот се:
1. ЈЗУ Клиничка болница – Штип;
2. ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје;
3. Универзитетска хируршка болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје;
4. Болница „Аџибадем – Систина“;
5. Клиничка болница „Жан Митрев“;
6. ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Скопје;
7. ЈЗУ Општа болница – Струмица;
8. ЈЗУ Општа болница – Куманово;
9. ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп;
10. ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола;
11. ЈЗУ Општа болница – Охрид;
12. ЈЗУ Општа болница – Велес;
13. SASA CAML;
14. Основен суд – Штип;
15. Шпаркасе банка АД – Скопје;
16. Влатко Стефановски.
На наградените им беа врачени свечени плакети.

16 години Универзитет „Гоце Делчев“ | Свечена академија во целост: