Search
|     contact@ugd.edu.mk

27. Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија од 25 до 28 септември во Охрид

Споделете

Со учество на над 250 учесници со пленарни предавања, усни и постер презентации, и годинава ќе продолжи традицијата на одржување на Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија.

27. Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија ќе се одржи од 25 до 28 септември во Хотел „Метропол“ во Охрид. Организатор е Технолошко-металуршкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. На овие конгреси учествуваат и претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Конгресите на хемичарите и технолозите на Македонија организирани во соработка на Технолошко-металуршкиот факултет, Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија се одржуваат континуирано во последните 60 години. На овој Конгрес се разменуваат знаењата од областа на технологијата, хемијата и нивните сродни науки.

Веќе подолго време конгресите на хемичарите и технолозите имаат меѓународен карактер, бидејќи на нив активно учествуваат голем број хемичари и технолози од различни земји во светот. За 27. издание на Конгресот веќе се регистрирани 14 пленарни предавачи од кои 11 пленарни предавачи се од странство.  Се очекува на Конгресот во Охрид да учествуваат над 250 учесници со свои пленарни предавања, усни и постер презентации, од кои се очекуваат околу 150 учесници од странство. Освен размена на научните достигнувања на Конгресот ќе се овозможи и учество на поголем број на студенти кои ќе имаат можност од стекнување на дополнителни знаења од областа на хемијата, технологијата и другите соодветни науки.