Музичката академија при УГД организира Фестивал на перкусии на светот 2024, кој ќе се одржи во петок, 24 мај, со почеток во 20 часот во Дом на млади – Штип.
Идејата за ова музичко патешествие е на гитаристот, композитор и декан на Музичката академија, Тони Китановски. Неговиот музички пријател од Киншаса, Ерик Малу Малу (Јупитер и Оквес Интернационал), сними голем дел од материјалот во неговото студио „Кинармоник“ во главниот град на ДР Конго, додека Тони компонираше и снимаше со своите пријатели Роми во Скопје и во неколку други градови во шест земји и на три континенти.
Сè навистина созреа кога триото „Афро гитано“ започна да го изведува материјалот во живо. Уникатната интеракција меѓу тројцата мајстори музичари на сцената е наелектризирана, често интензивна како шумски пожар, разновидна како и човештвото. Вистински дух на она што го нарекува големиот Дјук Елингтон – музика од човечки род.