Search
|     contact@ugd.edu.mk

Амбасадорката на САД во посета на УГД – се сретна со ректорот, а одговараше на прашања од студентите

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денес се сретна со ректорот и ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“, а оствари и средба со голем број студенти кои имаа низа прашања. 
Споделете

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денес се сретна со ректорот и ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“, а оствари и средба со голем број студенти кои имаа низа прашања.  Во рамките на посетата, амбасадорката на САД истакна дека ѝ се особено драги Штип и Универзитетот и секогаш Амбасадата на САД дава безрезервна поддршка во развојот на УГД, во смисла на стипендии за студентите, за вработените, за наставничкиот кадар, но и свои стипендисти од програмата Фулбрајт често се гости на Универзитетот.

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека УГД и Амбасадата на САД се партнери во голем број заеднички проекти и изрази надеж дека тоа ќе остане и во иднина. По средбата на амбасадорката со ректорот и проректорките проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Зденка Стојановска, амбасадорката имаше средба наменета за прашања и одговори со студентите на Правен факултет.

Студентите се интересираа за нивото на корупција и криминал во Македонија и како Амбасадата на САД може да помогне во надминување на овие проблеми. Голем дел од прашањата се однесуваа за владеењето на правото и правниот систем во државата, како и за многу меѓународни прашања.

Деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска, ја истакна благодарноста за поддршката што Правниот факултет ја има од Амбасадата на САД, со чија помош е направена и судницата во рамките на овој факултет, која важи за една од најдобрите судници од овој вид во државата.