Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, ќе реализира посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, при што ќе одржи предавање за политиката на проширување на ЕУ, предизвиците и можностите за Северна Македонија на патот кон членство во Унијата.
По предавањето на тема „ЕУ нема да чека засекогаш” ќе следи отворена дискусија во која ќе можат активно да се вклучат студентите.
Посетата и предавањето ќе се реализираат во среда, 6 март. Амбасадорот најпрвин ќе се сретне со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, во Ректоратот на УГД, а во 11 часот ќе започне предавањето во Правниот факултет.