Search
|     contact@ugd.edu.mk

Договор за соработка на УГД и Универзитетот во Белград

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше домаќин на делегација од Универзитетот во Белград, предводена од ректорот проф. д-р Владан Ѓокиќ. Посетата беше остварена со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, и проректорите на УГД, а беше потпишан и Договор за соработка.

Денес потпишавме Договор со УГД и многу ми е драго, затоа што ние веќе сме партнери во Форуми на универзитети и Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, и веќе имаме заеднички проекти и заеднички теми. Денес потпишавме Договор дека ќе ја зацврстиме нашата соработка и веќе разговаравме за некои размени на професори, основање на некои нови студентски програми, размена на студенти и начини нашите универзитети уште повеќе да се зближат и, се разбира, дека очекуваме таа соработка во иднина да биде интензивирана. Основната предност на ваквите соработки е што ќе се запознаеме и што на некој начин ќе ги зближиме нашите универзитети, да ги запознаеме нашите студенти со други култури, друг јазик, други начини на размислување. Тоа секако придонесува за едно разбирање не само во поглед на нашата академска заедница, туку и во поглед на нашите две држави во целинаизјави ректорот на Белградскиот универзитет, проф. д-р Владан Ѓокиќ.

Според ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, соработката со Универзитетот во Белград, кој е меѓу првите 500 на Шангајската листа, е од големо значење:

    – Чест ни е што денес можеме да му посакаме добредојде на ректорот на Универзитетот во Белград, а посебна чест ни претставува што потпишавме Договор за соработка кој ќе овозможи интензивирање во сите полиња на соработка, отворање на некои нови студентски програми со помош на професорите од Универзитетот во Белград, нешто што го немаме кај нас, размена на студенти. Верувам дека тоа  ќе овозможи многу подобро поврзување на универзитетите и сигурен сум дека научната соработка, соработката со универзитет кој е меѓу првите 500 на Шангајската листа ќе ни овозможи значително да го подобриме квалитетот и на нашите студиски програми и да ги подобриме условите за работа на нашиот Универзитетрече проф. д-р Мираковски.