Туризмот и планинарењето се меѓусебно поврзани и комплементарни, давајќи позитивен придонес кон туристичкиот имиџ на дестинацијата. За таа цел, на 14 јуни 2024 г., Факултетот за туризам и бизнис логистика по четврти пат во соработка со Планинарско-спортскиот клуб „Двете уши“ организираа планинарска тура „Дојди на Кожуф, запознај го регионот со ФТБЛ!“. Настанот беше поддржан и од УСКЦ при УГД.
Оваа година Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со вработени и студенти на УГД и планинарите го искачија врвот на планината Кожуф – Момина Чука.
Врвот Момина Чука е интересно место кое се наоѓа на Кожуф планина над изворот на реката Дошница и е висок 1851 м. Врвот е стрмен и покриен со шума.
Учесниците имаа незаборавно искуство, дружење, истражување на националното наследство на планината Кожуф, географски и биодиверзитет, природни и културни локалитети на планината, запознавање на Ски Кожуф. Планинарската рута заврши со гастроносмско уживање и неформална дискусија во Негорски Бањи.