Електронското аплицирање за запишување на факултетите и академиите на УГД е во тек, заинтересираните кандидати можат да аплицираат, а веќе и да ги поднесат документите во физичка форма во некој од центрите на УГД.
Според проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров, има интерес и апликации. Универзитетот „Гоце Делчев“ се подготвува и за првиот уписен рок, кој ќе се реализира од 20 до 23 август.
Бидејќи секоја година има интерес и за префрлување на УГД од некој од другите универзитети и годинава таа можност ја има, исто така, преку онлајн платформата на веб-страницата www.ugd.edu.mk, каде што заинтересираните можат да аплицираат за префрлување на некоја од студиските програми на УГД.