Делегација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во состав на ректорот на Универзитетот проф. д-р Дејан Мираковски и проректорката за меѓународна соработка проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, неодамна учествуваше на координативни состаноци на Европската универзитетска алијанса ACE_EU2, кои се одржаа во Брисел во рамките на Перманентното претставништво на Португалија во Европската Унија (REPPER).
На состаноците се дискутираа разни прашања од доменот на Алијансата и се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка помеѓу универзитетите во Алијансата, во насока на воспоставување на стратешка долгорочна кооперација, заеднички проектни активности и ширење на европските вредности меѓу членките на Алијансата и пошироко.
Во рамките на дводневното патување, членовите на Алијансата имаа можност да го посетат и Европскиот парламент, по покана на европскиот пратеник од Португалија при Европскиот парламент г. Карлос Зурињо (Carlos Zorrinho), при што претставниците на универзитетите од Алијансата ја презентираа досегашната соработка, како и активностите во рамките на Алијансата, ги претставија планираните активности за следниот период и се разбира ги истакнаа важноста и значењето на воспоставување на една европска интеруниверзитетска алијанса која ќе ги промовира соработката и унапредувањето на високото образование на меѓународно ниво, низ призмата на европските идеали и вредности.
Европската алијанса беше формирана во декември во Сантерем, помеѓу девет универзитети.
- Polytechnic University of Santarém, Portugal
- Carinthia University of Applied Sciences, Austria
- University Constantin Brâncusi Târgu – Jiu, Romania
- Goce Delcev University, North Macedonia
- Kaunas University of Technology, Lithuania
- University Francisco de Vitoria, Spain
- Medical University of Gdansk, Poland
- Latvian Academy of Culture, Latvia
- Technishe Hochschule Ingolstadt, Germany