Search
|     contact@ugd.edu.mk

Фолклорот – наша идентитетска приказна

Споделете

Катедрата за македонски јазик и книжевност организираше настан посветен на македонскиот фолклор, наречен „Фолклорот – наша идентитетска приказна“. Предавачи на оваа средба со студентите беа Иван Котев, собирач и фолклорист, долги години активен во собирање и објавување на македонското фолклорно богатство, и м-р Горан Ангелов, професор на Музичката академија на УГД.

Нашиот исток може да се пофали со едно огромно фолклорно богатство. Кога велам фолклорно, фолклорот е збир на духовни и материјални вредности, како што е и културата, бидејќи културата е идентитетски знак на нацијата, на државата. Без култура, без народ, без територија  нема држава. Културата е движечка сила на еден народ. Ние тука во нашиот регион имаме огромно фолклорно богатство – не само песни приказни, легенди, преданија, поговорки, пословици, туку имаме и многу силна материјална култура. Тоа се домашните ткаенини, изработки, музички инструменти, сѐ што го прави еден народ свој, самобитен, изворен. Значи, нашиот народ може да се пофали во светски рамки со своите духовни можности. И не само духовни, туку и воопшто културни, во изработка на убави предмети, инструменти, на домашни потреби – сѐ било на рака правено, едно дрво пет пати одело од рака во рака дури да стане тоа што треба. Сакам да кажам, еден народ со развиена работна навика, со фантазија, со творечки духизјави Иван Котев.

Според Котев, иднината на собирањето на фолклорното богатство останува на генерациите пред нас и дека верува дека Македонија како и обично ќе даде луѓе кои ќе го чуваат тоа богатство.

Професорката Ана Витанова-Рингачева рече дека  студентите на македонистика, значи на Катедрата за македонски јазик и книжевност, ги учат предметите Македонска народна книжевност и предметот Мит и фолклор, што значи дека тие имаат базични познавања за тоа што значи фолклорот воопшто и народната книжевност како интегрален дел на фолклорот.

Меѓутоа, мене ми е исклучително важно моите студенти да го засведочат  делото на Иван Котев, заради тоа што ние имаме современ жив фолклорист, кој во своите веќе позни години сѐ уште активно работи на терен и сѐ уште ги вади, јас ги нарекувам, фолклорни артефакти. Тоа е сѐ што имаме ние како духовно богатство во нашата почва – приказни, легенди, преданија, поговорки, пословици, клетви, благослови, кажувања…Тоа е огромното богатство на македонскиот фолклор, којшто Иван со неверојатен ентузијазам го ископува, го запишува, го дешифрира, и потоа го објавува во книга. Знаете, кога студентите учат од книгите, од стручната литература, тие добиваат една слика. Меѓутоа кога ќе видат како теренски се вади фолклорот од почвата и што тој фолклор значи за нашата македонска идентитетска приказна, тогаш навистина нивните хоризонти се прошируваатрече професорката Рингачева.

Практично, со музички настап на гајда, свој придонес даде и професорот Горанчо Ангелов од Музичката академија на УГД.

Фолклорот е палета на народно творештво. Тоа подразбира дека сите овие елементи на свој начин имаат свој придонес во таа идентитетска идентификација. Фолклорот и идентитетот ќе постојат сѐ додека се создава, додека се одржува и додека се пренесува тоа фолклорно творештво или фолклорно богатство на една традиција, култура, регион или држава. Јас денес звучно ќе придонесам на оваа разгледница која тие ќе ја понудат. Оној дел што јас ќе го презентирам е нешто што и ден-денес се пренесува и сѐ уште е одржана оваа музичка традиција, иако во многу помал број во поглед на инструменталисти, во поглед на инструменти, имаме инструменти кои слободно можам да кажам дека денес се на прагот на исчезнување. Нема да кажам изумирање, лошо звучи, но исчезнување, затоа што ако нема млади изучувачи, пренесувачи и практикувачи на она што се вика музичка традиција, инструментална традиција, нормално дека со тек на време, по одреден период може да исчезне. Ние се трудиме, еве и на Музичката академија нашите студенти ги изучуваат инструментите и пеењето и играњето, меѓутоа покрај овие елементи од нашата традиција, тие регистрираат и други појавипотенцираше Ангелов.