Search
|     contact@ugd.edu.mk

Голем интерес за „Школа за раскажување видеоприказни“ на УГД

Споделете

„Школа за раскажување видеоприказни“, серијал на онлајн и офлајн курсеви организирани од УГД, привлече голем број студенти и млади луѓе.

Курсот се состоеше од онлајн дел, кој УГД го подготви заедно со експерти од медиумот „Види вака“ и за овој дел се пријавија 47 студенти и млади луѓе од цела Македонија. Најуспешните 10 во овој онлајн курс имаа можност да присуствуваат на тренинг во Велес, каде што учеа преку практична работа и изработка на вистински видеоприказни.

Групата на млади луѓе во тридневниот тренинг во Велес се одлучи за изработка на видеа на темите за животната средина и сајбер безбедноста.

Едно видео беше на тема за загаденоста на велешкото езеро Младост, а другото видео е на тема „Јавна соба“ и сведоштво од девојка која го пријавила случајот „Јавна соба“ во полиција.

Двете видеоприказни ќе бидат објавени на медиумот за млади www.goce.mk

Предавачи на тренингот во Велес беа експертите од медиумите на УГД, Александар Максимов, Тони Михаилов, Игор Стојанов и Дијана Насева. Професорот од УГД д-р Кирил Барбареев и новинарката Теодора Цветковска.

Онлајн и офлајн тренингот беа бесплатни, а сите учесници и во иднина ќе имаат пристап до ресурси, регионални тренинзи, менторство и континуирана поддршка за развој од страна на институциите вклучени во проектот „Strenghtening Quality News and Independent Journalism in the Western Balkans and Turkey II“ финансиран од Европската Унија.