„Еразмус плус мобилности и пракса“ е програмата преку која голем број студенти имаат можност да заминат на студентска мобилност и пракса на некој универзитет во Европа. Станува збор за популарна програма која секоја година привлекува голем број студенти.
По повод новиот Конкурс за мобилности, денес се одржа Информативна сесија на која студентите кои веќе биле на „Еразмус“ ги презентираа своите искуства, а воедно и од Канцеларијата за меѓународна соработка на УГД им беа презентирани можностите на новите заинтересирани студенти.
Во продолжение погледнете ги искуствата на двајца студенти кои поминаа низ „Еразмус“ програмата, а воедно новиот Конкурс може да се најде на следниов линк.