Search
|     contact@ugd.edu.mk

Извонредност во математичкото образование – проект на УГД и партнери од Европа

Споделете

Идејата на овој проект е да се реши проблемот со тешкотиите за совладување на математичките проблеми од страна на учениците на возраст од 11 до 14 години, кога се прави најголемиот премин од конкретно кон апстрактно мислење, и мораме математиката да ја поврземе со потребите на реалниот живот.На УГД се одржа завршен состанок на проектот „Извонредност во математичкото образование преку методите на Е-дебата и различности во инклузивна училница“.

„Проектот се реализира со финансиска поддршка на Еразмус плус програмата во делот на училишно образование и обука. Во него учествуваа партнери-училишта од неколку европски земји, каде што УГД беше партнер. Координатор на проектот е Институцијата за образовни и едукативни програми Open Europe од Реус, Шпанија“, изјави проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска.

„Идејата на овој проект е да се реши проблемот со тешкотиите за совладување на математичките проблеми од страна на учениците на возраст од 11 до 14 години, кога се прави најголемиот премин од конкретно кон апстрактно мислење, и мораме математиката да ја поврземе со потребите на реалниот живот. Овој проблем го имаат учениците насекаде – и во Шпанија, Хрватска, Романија, Македонија, и идејата е да ги сондираме состојбите и колку сме во можност да понудиме некои излезни решенија. Развиени се повеќе алатки кои треба да им понудат помош и поддршка на наставниците, а исто така е развиена и платформа за е-учење наречена математичка или е-дебата, која ќе можат да ја користат и учениците, и родителите, и наставниците“, изјави проф. Ана Херанз, координатор на проектот, од Асоцијацијата за развој и реализација на образовни програми „OPEN HOUSE“ од Реус, Шпанија.

„Еден од најимпозантните резултати кои произлегуваат од овој проект е акредитација и одобрување за реализација на меѓународната програма за професионален и кариерен развој на наставници проектот ’Извонредност во математичкото образование’, која е предвидено да може да ја следат наставниците од секоја од европските земји кои имаат потреба да научат како математиката можат да ја интегрираат во предметите кои ги предаваат, првенствено во стен дисциплините, но добро е ако математиката ја интегрираат и во останатите дисциплини. Содржината на програмата беше произведена како интелектуален резултат од проектот, но УГД како институција од високообразовен карактер има можност да додели кредитни поени, во случајов 4 ЕКТС поени за сите слушатели кои ќе ја поминат оваа обука и ќе го поминат прагот од 60 проценти за совладување на истата.

Со тоа веќе добиваме нешто што во нашето законодавство е познато како Мајкрокреденшлс програма која ќе биде во неформалното образование е акредитирана со кредитни поени кои се трансферираат и ќе можат да се носат во Еуропас ЦВ, секој кој ќе ја помине програмата. За поздравување е првата програма која е акредитирана на нашиот Универзитет и се надевам дека по завршувањето на проектот и добивањето на финалниот извештај ќе можеме да ја промовираме повеќе и ќе ги добиеме првите групи на наставници кои ќе ја реализираат оваа програма“, додаде проф. д-р Атанасова-Пачемска.