Јапонскиот амбасадор, Н.Е. Казуја Отсука, ја посети Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Посетата се одржа по повод концертот на познатата јапонска вокалистка и џез пијанистка Маки Хачија. Таа настапи заедно со македонските музичари Јордан Костов и Славчо Коцев, создавајќи незаборавно музичко искуство за присутните.