Search
|     contact@ugd.edu.mk

Конкурс за „Школа за раскажување видеоприказни“

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со експерти од медиумот „Види вака“ креираа курс насловен „Школа за раскажување видеоприказни“.

Курсот е дел од Школата за современо новинарство која ќе има за цел да дава курсеви и тренинзи на заинтересирани млади луѓе за развој во областа на медиумите и новинарството.

Право на учество имаат сите заинтересирани!

Курсот е бесплатен, а првиот дел вклучува видеопредавања и кратки лекции. Откако ќе го поминете овој дел имате право да посетите и практична настава во медиумите на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што ќе можете да работите со вашите врсници, искусни студенти, но и со професионалци во областа и да ги примените стекнатите знаења.

Учесниците кои успешно ќе ја завршат школата ќе имаат пристап до ресурси, регионални тренинзи, менторство и континуирана поддршка за развој од страна на институциите вклучени во проектот „Strenghtening Quality News and Independent Journalism in the Western Balkans and Turkey II“.

Пријавувањето за школата можете да го направите на следниов линк: https://forms.gle/amtHMjsd2K3b2yDw6

Во продолжение видете ја програмата на школата

ШКОЛА ЗА СОВРЕМЕНО НОВИНАРСТВО

≡≡≡ШКОЛА ЗА РАСКАЖУВАЊЕ ВИДЕО ПРИКАЗНИ≡≡≡

Овој курс ќе ви даде знаење како да создадете успешна видеоприказна согласно со современите новинарски практики. Преку видеопредавања, кратки лекции, примери и ресурси за учење вие ќе бидете во можност да го совладате начинот на создавање видеа кои прават општествени промени. Низ курсот ве водат најдобрите раскажувачи на приказни, Мите Кузевски и Горан Игиќ од онлајн медиумот кој најдобро го прави тоа во Македонија – „Види вака“, како и експерти и новинари од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Прв дел – Како да се раскаже приказна?

ВИДЕОЛЕКЦИИ НА ТЕМИ:

  1. НАОЃАЊЕ И ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ИДЕЈА
  2. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМ И АГОЛ НА ПРИКАЗНАТА
  3. АЛАТКИ ЗА СОВРЕМЕНО РАСКАЖУВАЊЕ ПРИКАЗНИ
  4. ПРИМЕРИ И ЗАДАЧА

РЕСУРСИ – Како раскажувањето приказни ги менува животите и општеството?

Втор дел: СЦЕНАРИО И ПЛАН ЗА СНИМАЊЕ

ВИДЕОЛЕКЦИИ НА ТЕМИ:

  1. ШТО Е СЦЕНАРИО?
  2. КАКО ДА НАПИШЕТЕ СЦЕНАРИО?
  3. АЛАТКИ ЗА СЦЕНАРИО
  4. ПРИМЕРИ И ЗАДАЧА

РЕСУРСИ – Како да креирате сценарио и план за снимање

Трет дел: ПРОДУКЦИЈА НА ПРИКАЗНА

ВИДЕОЛЕКЦИИ НА ТЕМИ:

  1. ИЗВОРИ ЗА ПРИКАЗНИ И СНИМАЊЕ
  2. МОНТАЖА НА ВИДЕОМАТЕРИЈАЛИ И АУДИОМАТЕРИЈАЛИ
  3. АЛАТКИ И ТРИКОВИ
  4. ПРИМЕРИ И ЗАДАЧА

РЕСУРСИ – реализација на приказната

НА КРАЈОТ ОД СЕКОЈ ЧАС ЌЕ ИМА ПРИМЕРИ/РЕСУРСИ ОД КОИ ТИМОТ НА „ВИДИ ВАКА“ БИЛ ИНСПРИРИРАН