Search
|     contact@ugd.edu.mk

Гостински предавања на професори од Бугарија на УГД

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на гостински предавања на реномирани професори од Бугарија, кои ќе се одржат на 19 февруари 2025 година (среда) во рамките на меѓународните академски програми CEEPUS и Еразмус+.

Првото предавање ќе започне во 11 часот, каде што проф. д-р Галиа Маринова од Техничкиот универзитет во Софија ќе зборува на тема „Opportunities, Innovations, and Good Practices in the CEEPUS Network CIII-BG-1103-09-2425 Modelling, Simulation, and Computer-aided Design in Engineering and Management”. Предавањето се организира во рамките на CEEPUS мрежата CIII-BG-1103-09-2425, во која како партнери учествуваат Технолошко-техничкиот факултет и Факултетот за информатика на УГД.

Веднаш по неа, во 12 часот, свое излагање ќе има проф. д-р Васил Гулиашки од Бугарската академија на науките (IICT – BAS) во Софија, кој ќе одржи предавање на тема „OPTIMIZATION METHODS” во рамките на програмата Еразмус+.

Двете предавања ќе се одржат во просториите на бизнис-акцелераторот на Факултетот за информатика на Кампус 2 во Штип.

Настанот е отворен за студенти и за професори од техничките факултети, вклучувајќи ги Факултетот за природни и технички науки, Технолошко-техничкиот факултет, Факултетот за информатика, Земјоделскиот факултет, Електротехничкиот факултет и Машинскиот факултет.

  • Проф. д-р Галиа Маринова е експерт во областа на компјутерски дизајн во електрониката и телекомуникациите, со над 100 научни трудови и активно учество во меѓународни проекти.
  • Проф. д-р Васил Гулиашки е признат истражувач во оптимизација, еволутивни алгоритми и поддршка на одлучување, со над 140 научни публикации и ангажман во над 30 истражувачки проекти.

Сите заинтересирани студенти и наставнички кадар се поканети да присуствуваат и да се запознаат со најновите академски истражувања и иновации во овие области.