Search
|     contact@ugd.edu.mk

„НАВИГАТОР“: Онлајн игра за подигање на свеста за човековите права

Споделете

По повод Денот на човековите права, мрежата на Јуроп хаус (Europe House) при Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Обединетите нации и Министерството за образование и наука, лансира интерактивна онлајн игра „НАВИГАТОР“. Играта е наменета за младите, студентите и учениците, но и за пошироката јавност, со цел да се подигне свеста за човековите права на забавен и едукативен начин.

Преку девет „планети на знаење“ учесниците ќе се соочат со прашања од различни области, како здравство, детски права, заштита на лични податоци и дискриминација. Играта е активна од 10 до 24 декември, а учесниците кои ќе освојат најмалку 70% од поените имаат можност да освојат награди, вклучително и главната награда – ваучер за ИТ опрема во вредност од 60.000 денари.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 25 декември, а играта е достапна на македонски и на албански јазик преку веб-страницата на Јуроп хаус.

Проектот е поддржан од амбасадите на земјите членки на ЕУ и Бирото за развој на образованието, што овозможува негово користење во сите државни средни училишта во двонеделниот период.