Search
|     contact@ugd.edu.mk

Проект „Newaves“ – презентација и иницирање на соработка помеѓу „УГД ФМ“ и „УКЛО ФМ“

Споделете

Во рамките на проектот „Newaves”, претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во посета на Студентското радио „УКЛО ФМ“ на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Беше презентиран проектот „Newaves”, кој е наменет токму за локалните радиостаници во земјите учеснички во проектот. „УКЛО ФМ“ е локално радио, но карактеристика за него, исто како и за Универзитетското радио „УГД ФМ“ е дека е во категоријата „непрофитни радиодифузни установи“, па со тоа проблемите со кои се соочува се поспецифични отколку кај комерцијалните локални медиуми.

Сепак, и покрај тие специфики, и за непрофитните радија од значење е пласирањето на проверени информации, што е една од целите на проектот „Newaves”. Од тој аспект, соработката на двете универзитетски/студентски радија и партиципацијата во активностите кои ќе следуваат е секако значајна.

На средбата стана збор и за воспоставување соработка помеѓу двете радија, со можности за заеднички проекти, размена на емисии и содржини, во кои ќе учествуваат студентите од двата универзитета.