Професорот Мартин Лукаревски од Факултет за информатика при УГД, по покана на професорот Ханс-Петер Шрокер, на 22 октомври одржа предавање „Фундаменталното неравенство за триаголник и примени“ на Универзитетот во Инсбрук, Австрија. Предавањето предизвика голем интерес кај слушателите по што следуваше интересна дискусија.
За време на работната посета од 19 до 29 октомври, како дел од билатералниот македонско-австриски научен проект „Оценки за елипсоиди во класични и невклидови геометрии“, финансиран од МОН, професорот Мартин Лукаревски секојдневно работеше со професорот Ханс-Петер Шрокер – експерт за невклидови геометрии – на наоѓање решение на проблемот за единственост на елипсоиди со максимален волумен во елиптична геометрија. Исто така, посети семинари одржани од неговиот интернационален научен тим.