Search
|     contact@ugd.edu.mk

Промовирана книгата „100 години синдикално движење во Штип – 1923 – 2023 година“

Споделете

Книгата „100 години синдикално движење во Штип – 1923 – 2023 година“ од проф. д-р Андон Мајхошев и проф. д-р Оливер Цацков денес беше промовиран во свечената сала на Правниот факултет на УГД.

За мене беше задоволство тоа што промоцијата се поклопува со 100-годишнината од првиот штрајк во градот Штип. Работејќи околу две години на оваа книга се обидовме да воведеме, покрај историски и хронолошки, и емотивни моменти од она што колегата како современик го помина во 90-тите години на минатиот век и во почетокот на овој век. Тој автентичен дел за мене е многу значаен. Оваа книга е одлична основа за идните историчари и истражувачиизјави еден од авторите проф. д-р Оливер Цацков од Факултетот за образовни науки на УГД.

Промотори на книгата беа проф. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, професор по трудово и социјално право и проф. д-р Билјана Тодорова, исто така проф. по трудово и социјално право на Правниот факултет во Штип.

Јас сум дел од синдикалниот живот во Штип повеќе од 40 години. Сега веќе се јавувам во малку поинаква улога, но тоа уште повеќе ме мотивира да навлезам во сферите на неистраженото, сфери каде што не сум бил директен учесник. Оваа книга е значајна заради тоа што сите современи настани се ставени на хартија и изградена е многу важна база на податоци. Со оваа книга се премостуваат историски празнини. Овој историски период има празнини, но со факти и со разговор со живи учесници успеавме да го покриеме тој период со историски факти. Со тоа имаме континуитетизјави проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет на УГД.