Search
|     contact@ugd.edu.mk

Рекреативците од УГД и годинава дел од трката „Го сакам Кавадарци“

Пријавувањето за спортската манифестација „Го Сакам Кавадарци“ е преку е-пошта и телефонски број, најдоцна до 28 февруари 2024 год. тел. број: 072/252-052 Ванчо Барбареев, е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk
Споделете

Универзитетски спортски и културен центар продолжува со традицијата за учество на атлетски натпревари како дел од активностите за промоција на УГД како активен и спортски Универзитет.

Оттука, ве повикуваме да се пријавите за учество на атлетската трка како дел од тимот на УГД на еден од најмасовните спортски настани „Го сакам Кавадарци” 2024 год. кој ќе се одржи на 10 март 2024 год. (недела) во Кавадарци.

Сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип имаат можност да се пријават за учество како дел од УГД тим со можност за учество на:

  • 5 км
  • 10 км
  • полумаратон.

Котизацијата за учество и превозот до Кавадарци ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар.
Пријавувањето за спортската манифестација „Го Сакам Кавадарци’’ е преку мејл и телефонски број, најдоцна до 28 февруари 2024 год.

Тел. број: 072/252-052 Ванчо Барбареев

Е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk

По утврдувањето на бројот на пријавените учесници ќе се креира група на Вибер за атлетската трка „Го сакам Кавадарци“, по што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.

Напомена: Секој пријавен учесник доколку не се појави на старт ќе треба да ја рефундира платената котизација.

Се гледаме на старт.
За активен и здрав УГД!