Неколку студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“, како дел од програмата World University Service од Германија, завршија серијал на обуки, тренинзи, практикантска работа за започнување на бизнис во периодот на транзиција помеѓу студирање и работа. Проектот е поддржан од Северна Рајна – Вестфалија, а од УГД беа присутни студентите Јордан Трајков, Катерина Радева, Бојана Конева, Елена Стојановска, Розета Марковска, Ивана Коцева и Елена Паризова.
Неодамна се организираше и финалниот настан од овој проект, каде што студентите ги добија своите сертификати за учество. На настанот учествуваа и амбасадорката на Германија во Македонија, Хелга Дрекслер, и делегат од германската индустрија Антје Ванделт.
Со ова програма за стипендии им беше овозможено на младите да се развијат професионално во Македонија.
Стипендиите беа наменети за студенти од цела Македонија, од сите државни универзитети. Стажирањето се одвиваше во текот на 2022 и 2023 година, а за сите учесници беше обезбедено месечна стипендија, како и совети од професионалци, тренинзи, како и разгледани можности за започнување на сопствен бизнис.
Во програмата, покрај студенти, учествува и предавачи од УГД. Проф. д-р Тамара Јованов-Апасиева и проф. Моника Арсова беа дел од минатогодишната успешна приказна на Career transition support. На семинарите кои ги организиравме добија 100% позитивни оценки од младите професионалци.