Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студентите посетуваат успешни компании во рамките на проектот „Студентите учат од бизнисот“

Споделете

Студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ неодамна беа во посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, како дел од серијалот „Студентите учат од бизнисот“.

Овој проект Стопанската комора на Република Северна Македонија го реализира во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Центарот за кариера, а произлегува од активноста на Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања со наслов „Денови на отворена врата“ за поврзување на работодавците, факултетите и студентите, за подобро запознавање на студентите со перспективите во одредена компанија или сектор, како иден стручен кадар на пазарот на труд.

Целта на настаните е студентите да се запознаат со добрите практики на успешност во работењето на компанијата од страна на еминентни претставници на бизнис заедницата, а преку посета на компании, како нивен иден човечки потенцијал да се запознаат со работните процеси, работната култура, технологијата и други сегменти од работењето. Во реализацијата на настаните поддршка дава и Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките со кои заеднички се иницира потребата за системско уредување на практичната настава во високото образование.

Домаќин на настанот беше компанијата „Макпрогрес“ ДОО Виница, која активно придонесува во развивањето на кадар во Источниот регион и дава поддршка на Комората во поттикнувањето на активностите во високото образование преку учеството на м-р Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“, како член на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Комората.