Search
|     contact@ugd.edu.mk

Талентираните студенти на УГД ќе бидат ослободени од половина партиципација

Споделете

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Гоце Делчев“ неодамна донесе Одлука за ослободување на половина од износот на партиципацијата за талентирани студенти кои се запишани како редовни студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година.

Талентирани студенти, според Одлуката, се студентите кои имаат минимум 40 ЕКТС и среден просечен успех над 9,5.

Оваа Одлука има за цел да ги стимулира студентите да постигнуваат подобри резултати во текот на нивното студирање, а воедно и привлекување на квалитетни студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.