Проректорот за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Мишко Џидров, проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и проф. м-р Кирил Кузманов се меѓу 12-те добитници на годинешното признание „Осми ноември“ на градот Штип.
Професорот Џидров го доби Признанието за особен и значаен придонес во сферата на високото образование. Инаку професорот Џидров е проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ и професор на Машинскиот факултет при УГД.
Професорот Методи Хаџи-Јанев го доби Признанието за особен и значаен придонес во сферата на безбедноста. Професорот Хаџи-Јанев е професор на Правниот факултет при УГД и на Воена академија, придружната членка на УГД.
Професорот Кирил Кузманов го доби Признанието за особен придонес во сферата на музиката. Кузманов е професор на Музичката академија при УГД.
Покрај нив, Осмоноемвриското признание на Општина Штип годинава беше доделено на 12 граѓани и здруженија.
Пилотите Драган Јовановски и Методка Стојанов, кои учествуваа во гасењето на пожарите на планината Серта, но и на сите пожари во земјава се носители на Осмоноемвриското признание; Здружението за социјална инклузија и доживотно образование „НЕЦИ“; Стојан Арсов за афирмација на спортот; Стојан и Марија Димкови за заштита и афирмација на правата и вредностите на Македонците од егејскиот дел на Македонија; Иван Костевски за афирмација и постигнувања на меѓународни натпревари; Кирил Кузманов го доби Осмоноемвриското признание во сферата на музиката; Виктор Велинов за афирмација на спортски клубови; Мишко Џидров во сферата на високото образование; Методи Хаџи-Јанев во сфера на безбедноста; Јасминка Чалева Лазовска за афирмација на градот и Ликовното студио „Колорес“.