На 20 декември 2023 година Технолошко-техничкиот факултет учествуваше во промовирањето на јубилејното издание „Сто години театарска дејност во Штип” и „Сто години од раѓањето на големиот великан, поет, основоположник на современата македонска поезија, револуционер, амбасадор и член на МАНУ – Ацо Шопов”.
Дискусија на тема „Сто години театарска дејност” – модератор и театарски критичар
м-р Трајче Кацаров, театарски критичар Тодор Кузманов, театарски уметник
проф. д-р Гоце Ристовски и проф. д-р Марија Ќертакова во улога на костимограф
На 20 декември со почеток во 18 часот, во „Галерија 22“ при НУЦК „Ацо Шопов” во Штип, се одржа пригоден настан за одбележување на еден редок и значаен културен јубилеј – „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов” и „Сто години организирана театарска дејност во Штип”. По повод овој јубилеј беше одржана изложба на театарски костими, како дел од богатиот асортиман што го создава театарот низ годините од неговото постоење. Исто така, поставена е изложба на театарски плакати. На настанот е ставен акцент на дискусијата на тема посветена на стогодишната дејност на овој театар, во кој студентите од насоката Дизајн на текстил и облека учествуваа при проектирањето на костимографии за театарски претстави. Во дебатата учествуваше и проф. д-р Марија Ќертакова од Технолошко-техничкиот факултет, од насоката Дизајн на текстил и облека, која зборуваше за важноста на костимографијата за проектирање на успешна театарска претстава. Поканети гости соговорници беа м-р Трајче Кацаров, театарскиот критичар Тодор Кузманов и театарскиот уметник проф. д-р Гоце Ристовски. Во склоп на настанот се организираше и промоција на летописот со наслов „100 години организирана театарска дејност ”, а на крај беа доделени награди за најдобри театарски претстави. Настанот беше дополнително збогатен со присуството на театарски критичари, режисери, продуценти, сценаристи, костимографи, актери, универзитетски професори и студенти. Проектот е дел од програмата на НУЦК „Ацо Шопов” – Штип и Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2023 година.
Проф. д-р Марија Ќертакова зборува за важноста на костимографијата за
проектирање на успешна театарска претстава
Директорот на НУЦК „Ацо Шопов”, Горан Трајков, со говор пред публиката составена од театарски критичари, режисери, продуценти, сценаристи, костимографи, актери, универзитетски професори и студенти
Почесни награди за најдобри театарски претстави
Промоција на летописот „100 години организирана театарска дејност”