Search
|     contact@ugd.edu.mk

Учениците од ДСУ „Искра“ гости на универзитетските медиуми

Споделете

Дел од учениците на ДСУ „Искра“ – Штип беа во посета на универзитетските медиуми – Универзитетското радио „УГД ФМ“ и Универзитетската ТВ продукција.

Посетата беше реализирана во рамките на активностите за одбележување на 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост.
Учениците можеа да видат како изгледаат радио и телевизиско студио, но и да дознаат како функционираат универзитетските медиуми.

– По повод 3 декември, ДСУ „Искра“ секоја година го одбележува со низа активности. Оваа година директорот Тони Петрушев имаше поинаква идеја, наместо еден ден цела недела да биде исполнета со активности за учениците. Вработените даваа свои идеи за активности. Посетата на „УГФ ФМ“ произлезе како идеја од наставната програма. Медиумите се присутни во животот на секој човек. Но, за нашите ученици особено важно и возбудливо беше што имаа можност да видат како е од другата страна на камерата. Секое ново искуство измамува насмевка. За мене и моите колеги најважно е нашите ученици да се среќни – изјави Надица Михаилова, професор во ДСУ „Искра“ – Штип.