Проектот „NEWAVES – Collaborative Alliance for Radio Recovery and Boost of Community News Media in Lowdensity Territories“, финансиран од програмата European Education and Culture Executive Agency (EACEA) влезе во фаза во која конкретно се работи на подготовка и изработка на дигитална платформа која на корисниците – локални радиостаници од земјите учеснички во проектот (Северна Македонија, Хрватска, Португалија и Словачка) ќе им понуди релевантни, проверени и вистинити содржини. Со ова, на локалните радија ќе им се овозможи да ја зголемат одржливоста, иновативноста и креативноста во производството на квалитетна и привлечна радиопрограма.
Експертите од високообразовните институции од земјите учеснички, врз основа на истражувањето кое претходни беше спроведено меѓу локалните радија и медиумските работници во нив, изработија Бенчмарк репорт, врз основа на кој практично се одредуваат насоките во следните фази од проектот. Ова посебно се однесува на најзначајниот дел – изработка на дигитална платформа и протокол за валидација, што ќе овозможи нов квалитет на информациите и содржините кои се пласираат, што е особено значајно во времето во кое царуваат дезинформации, непроверени вести, говор на омраза…
Во заклучоците на Бенчмарк репортот, всушност, е наведено дека тоа е критична компонента на проектот „The Newaves“. Тоа помага да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат локалните радиостаници во четирите земји учеснички – Хрватска, Северна Македонија, Словачка и Португалија.
Наодите од Бенчмарк репортот овозможуваат постигнување на други проектни цели, особено развој на едукативни и обучувачки онлајн програми за локални радиостаници кои имаат за цел да им помогнат да работат во време на дигитализација и економски пад.
„Првиот дел од Бенчмарк репортот ги презентираше анализите на медиумските средини на четири релевантни земји. Тој ги наведе главните предизвици и можности со кои се соочуваат радијата во конзорциумот.
Следниот дел од документот е Најдобра практика и научена лекција, кој ги сумираше најважните заклучоци од анализите на одделни земји. Во исто време најде заеднички именители на проблемите и понуди конкретни примери кои ја покажуваат променливата ситуација на локалните радија.
Конечно, беа презентирани препораки за локалните радиостаници или од гледна точка на економска одржливост, дигитализација или информативна работа.Референтниот извештај дава основен увид во прашањето за локалните радија во Европа и служи како почетна точка за одредување на следните чекори на проектот“ – стои во заклучоците од документот.
Токму при изработката на Бенчмарк репортот произлегоа и нови моменти, прашања и дилеми токму околу изработката на платформата и протоколот за валидација. Поради тоа, беа организирани две онлајн работилници на кои практично се разработуваа елементите од техничката, но и содржинската изработка на платформата. Успешната тимска работа и придонес на експертите и медиумските работници од четирите држави доведе до заклучоци кои ќе овозможат успешна реализација на главниот дел од проектот „Newaves“ – дигитална платформа која ќе ја користат локалните медиуми.
Ова, всушност, ќе биде и главниот предуслов за да се постигнат посакуваните ефекти, бидејќи „NEWAVES“ предвидува и креирање, ширење и промовирање на локално произведени содржини во Европа за стимулирање на поголема разновидност и конкурентност на интернет, со цел да се демонстрира богатата и разновидна култура, покрај промовирањето на социјалната вклученост и слободата на уметничко изразување.