Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД ги додели признанијата и наградите на најдобрите научници за 2023 г.

Споделете

Со одбележување на денот на науката, Универзитетот „Гоце Делчев“ денес ги додели признанијата и наградите за најдобрите научници и научни работници од различни области.

– Уште од постоењето до ден-денес покажавме дека науката на УГД е стратегија за развој и напредок и постигнување н многу повисоки резултати во научната продуктивност. Научната продуктивност е основната единица мерка за рејтинг на универзитетите. Серијата мерки имаат за цел да ја зголемат научната продуктивност. Кога зборуваме за тоа мислиме на релевантни научни списанија индексирани во SCPOPUS и Web of Science. Ние ја препознаваме ангажираноста на нашите вработени и студенти. Веќе втора година по ред преземаме мерки да ги мотивираме вработените и научноистражувачката работа. Една од тие мерки е токму вреднувањето и доделувањето награди за научна продуктивност и цитираност на нашите професори. Оваа година во однос на минатата година имаме многу пријавени млади кандидати, што не беше случај минатата година и тоа особено нѐ радува истакна проф. д-р Зденка Стојановска, проректор за наука на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Проблемот со нов кадар и млади научници го истакнаа и останатите присутни и потенцираа дека е потребно вложување во младите кадри и научници.

Ова е листата на сите наградени научници по категории на УГД:

  • Награда за најдобар научник на Универзитет „Гоце Делчев“ за 2023 година – проф. д-р Татјана Рушковска и проф. д-р Рубин Гулабоски;
  • Награда за коавторство на труд објавен во најпрестижно списание, 2023 година – проф. д-р Татјана Рушковска;
  • Награда за авторство на труд објавен во најпрестижно списание, 2023 година – проф. д-р Даринка Ѓоргиева Ацкова;
  • Награда за научна продуктивност од областа на природни науки, 2023 година – проф. д-р Рубин Гулабоски;
  • Награда за научна продуктивност од областа на технички науки, 2023 година – проф. д-р Ванчо Аџиски;
  • Награда за научна продуктивност од областа на медицински науки, 2023 година – насл. доц. Маја Чочевска;
  • Награда за научна продуктивност од областа на општествено хуманистички науки, 2023 година – проф. д-р Билјана Петревска;
  • Награда за научна цитираност од областа на природни науки, 2023 година – проф. д-р Татјана Рушковска;
  • Награда за научна цитираност од областа на технички науки, 2023 година – проф. д-р Ванчо Аџиски;
  • Награда за научна цитираност од областа на медицински науки, 2023 година – проф. д-р Сотирија Дувлис;
  • Награда за научна цитираност од областа на општествено-хуманистички науки, 2023 година – проф. д-р Билјана Петревска;
  • Награда за труд на студент од областа на медицински науки, 2023 година – д-р Надица Драскачева;
  • Награда за труд на докторанд од областа на природни науки за 2023 година – ас. м-р Павлинка Кокошкарова;
  • Награда за труд на докторанд од областа на медицински науки за 2023 година – насл. доц. д-р Маја Чочевска.

 Признанија за научен придонес на Универзитетот „Гоце Делчев“ во 2023 година:

  1. Ас. д-р Верица Тонева Стојменова;
  2. Ас. д-р Екатерина Намичева Тодоровска;
  3. Ас. д-р Сандра Атанасова;
  4. Ас. д-р Соња Роголева Ѓуровска;
  5. Ас. м-р Павлинка Кокошкарова;
  6. Доц. д-р Јасмина Вета Буралиева;
  7. Доц. д-р Рада Грубовиќ Растворцева;
  8. Доц. д-р Сара Сребренкоска;
  9. Насл. вонр. проф. Катерина Кубелка Сабит;
  10. Насл. доц. Маја Чочевска;
  11. Проф. д-р Билјана Балабанова;
  12. Проф. д-р Билјана Петревска;
  13. Проф. д-р Биљана Ивановска;
  14. Проф. д-р Ванчо Аџиски;
  15. Проф. д-р Василија Шарац;
  16. Проф. д-р Викторија Максимова;
  17. Проф. д-р Даниела Тодевска;
  18. Проф. д-р Даринка Ѓоргиева Ацкова;
  19. Проф. д-р Дарко Лазаров;
  20. Проф. д-р Димитар Наков;
  21. Проф. д-р Доне Стојанов;
  22. Проф. д-р Елена Карамазова Гелова;
  23. Проф. д-р Зденка Стојановска;
  24. Проф. д-р Мартин Лукаревски;
  25. Проф. д-р Петар Намичев;
  26. Проф. д-р Рубин Гулабоски;
  27. Проф. д-р Сања Костадиновиќ;
  28. Проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска;
  29. Проф. д-р Татјана Рушковска;
  30. Д-р Надица Драскачева.