Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД и „HR Potentials Makedonija“ им нудат на студентите софтвер за креирање на персонален профил, корисен при аплицирање за работа

Споделете

УГД и компанијата „HR Potentials Makedonija“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој на студентите им се нуди можност преку дигитален софтвер да реализираат анализа на својот карактер, капацитети и можности, кои потоа како готово резиме ќе можат да го понудат на компании и институции при аплицирање за работа.

Потпишавме Меморандум за соработка, со што ќе произлезе уште една дополнителна алатка која ќе биде понудена на студентите на УГД. Станува збор за софтверски пакет кој ќе им понуди на студентите да направат анализа на својот карактер, на својата личност, когнитивни и психографски мерења кои ќе им помогнат да го утврдат својот соодветен профил, со кој ќе можат полесно да препознаат која е нивната најдобра кариерна опција во иднина и местата каде што соодветно би аплицирале за работа. Универзитетот продолжува уште чекор напред заедно со Центарот за кариера по имплементираната алумни база, исто така и имплементираната база на приватни и јавни институции со кои Универзитетот соработува, да им понуди уште една дигитална алатка на студентите и да ја одигра својата улога на мост во креирањето на образование и знаење и соодветна примена на истото во иднинаизјави проф. д-р Елена Веселинова од Економскиот факултет.

Според Андреј Јордановски од компанијата „HR Potentials Makedonija“, ова е алатка која во Македонија сега започнува да се користи, но навистина нуди одлични можности и за студентите и за младите, но и за компаниите:

Сакаме да ги поттикнеме студентите да користат психометриски тестови, односно софтвер кој им  нуди когнитивни способности, односно оценување на нивните способности, како и нивните карактеристики кои се лични и индивидуални. Со тоа тие полесно ќе пристапат до нивните способности, да ги осознаат сами, и тоа да го приложат до компаниите како и универзитетот кои би сакале нив да ги привлечат или да ги вработат. Овој софтвер се користи во светот, се користи и на Балканот , како HR potencials платформа, која ја користат фирми од типот на познати банки, ОН, консултантски компании кои се огромни во светот. Процесот е многу едноставен, тоа е систем, односно софтвер до кој тие добиваат линк, ги внесуваат своите податоци, со што добиваат пристап до одредени тестови, ги решаваат и добиваат резултати на крајот. За компаниите ова нешто е витално, бидејќи тие добиваат детален приказ на нивните потенцијални вработени, по тоа скокаат некакви интервјуа и добиваат резултати во писмена форма кои понатаму можат да бидат искористениизјави Андреј Јордановски од „HR Potentials Makedonija“.