Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД им посака добредојде на Еразмус-студентите кои престојуваат во Штип

Споделете

Одделението за меѓууниверзитетска соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и годинава со повеќе активности ќе се обиде престојот на странски студенти преку Еразмус програмата во Штип и на УГД да им го направи пријатен. Традиционално, еден од тие настани е церемонијата за добредојде, која се одржа на Кампус 2 на УГД, на која присуствуваа дваесетина студенти од странство, кои семестар или повеќе ќе поминат на некој од факултетите на УГД.

Традиционално организираме церемонија за добредојде за странските студенти кои овој семестар ќе го поминат на УГД. Среќни сме што од година во година оваа бројка се зголемува и по Ковид паузата Еразмус конечно се враќа во нормала како што функционираше претходно. Имаме дваесетина странски студенти кои студираат на различни факултети на УГД, најмногу ги има на Факултетот за медицински науки, како и на Факултетот за информатика. Верувам дека нивното искуство ќе биде позитивно и дека ќе биде мотивација за во иднина да имаме што повеќе странски студенти кои ќе го изберат УГД како дестинација за еден семестар или цела учебна годинаизјави Сања Стефановска, раководителка на Центарот за меѓууниверзитетска соработка.

Традиционално, студентите кои доаѓаат од универзитети од европските држави ги споделија своите очекувања и причините зошто го избрале УГД.