Search
|     contact@ugd.edu.mk

Универзитетот „Гоце Делчев“ му додели Благодарница на Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во РСМ

Споделете

Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД во континуитет остварува одлична соработка со Амбасадата на Република Италија во РСМ.

Во таа насока, посета на УГД оствари Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Скопје, заедно со делегацијата на Амбасадата. Целта на средбата беше веќе традиционалната донација на наставен материјал за потребите на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Во знак на благодарност за соработката, од страна на претставниците на УГД, предводени од проректорката за меѓународна соработка, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, му беше врачена Благодарница по повод патрониот празник на Универзитетот – 17 години УГД, но Н.Е. Андреа Силвестри не беше во можност да ја прими за време на свеченостите по повод 27 март.

На средбата покрај проректорката Никодиновска-Крстевска присуствуваа и продеканката  на Филолошки факултет, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска, и професори од Катедрата за италијански јазик и книжевност, доц. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска, раководител и доц. д-р Надица Негриевска. Оваа посета е уште еден во низата настани што ја потврдуваат цврсто воспоставената соработка помеѓу Филолошкиот факултет и Амбасадата на Република Италија.