Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, по иницијатива на професор д-р Кристина Мишева и професор д-р Марија Амповска од Правен факултет, склучи Договор за соработка со Batumi Shota Rustaveli State University во Грузија. Договорот е склучен во рамките на Еразмус + програмата и има за цел да постави основи за соработка и поддршка за мобилност на студенти и вработени помеѓу двете институции.
Врз основа на овој Договор, во периодот од 20 до 24 ноември 2023 година, професор Malkhaz Nakashidze, професор на Факултетот за правни и општествени науки при Batumi Shota Rustaveli State University во Грузија и носител на Жан Моне катедра, оствари мобилност на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Меѓу другото, професорот одржа низа предавања за студентите од втора и трета година на правните студии во Штип и во Струмица.
Во продолжение е линк до веста објавена на веб-страницата на партнерската институција https://www.bsu.edu.ge/main/page/2881/index.html
In 2023, Goce Delcev University in Stip, on the initiative of Professor Kristina Misheva and Professor Marija Ampovska from the Faculty of Law, entered into an Interinstitutional Agreement for cooperation with Batumi Shota Rustaveli State University in Georgia. This agreement was concluded within the framework of the Erasmus+ program and aims to establish bases for collaboration and support the mobility of students and staff between the two institutions.
Based on this agreement, from November 20 to 24, 2023, Professor, Jean Monnet Chair, Malkhaz Nakashidze, a faculty member at the Faculty of Law and Social Sciences of the Batumi Shota Rustaveli State University in Georgia, undertook mobility at the Faculty of Law at Goce Delcev University in Stip. Among other activities, the professor delivered a series of lectures to second and third-year law students in Stip and Strumica.
Link to the news published at Batumi Shota Rustaveli State University https://www.bsu.edu.ge/main/page/2881/index.html