Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) ќе биде дел од Саемот за образование што ќе се одржи на 15 и 16 март 2025 година во „Skopje City Mall“. Овој настан претставува одлична можност за средношколците и студентите да се информираат за студиските програми, стипендиите и кариерните можности што ги нудат македонските универзитети.
Посетителите на саемот ќе имаат можност директно да се запознаат со претставниците на УГД, да добијат детални информации за уписите, студиските насоки, студентскиот живот, како и за програмите за меѓународна соработка. Универзитетот ќе се претстави со брендиран штанд и промотивни материјали, а истовремено ќе учествува и во дополнителните активности што ги нуди саемот, како работилници, панел-дискусии и кариерно советување.
Саемот за образование е организиран од студентската платформа „Студентарија“ и има за цел да ги поврзе младите со високообразовните институции, академиите и компаниите во Македонија. Очекува да привлече над 60.000 посетители, што го прави најголемиот образовен настан во државата.
Сите заинтересирани можат да го посетат штандот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во текот на двата дена и да добијат корисни информации за нивната идна академска и професионална насока.