Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) Конференција: Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот

Споделете

Голем број професори, студенти и експерти од областа на туризмот и културното наследство денес се собраа на заедничката Kонференција насловена „Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот“.

– Ја имам честа да бидам дел од организаторите, но и како панелист на првата конференција. Тргнувајќи од тоа дека деновиве се европски денови на културното наследство во Штип, се роди една идеја да направиме национална конференција којашто понатаму треба да има своја традиција. Туризмот, културниот туризам, културното наследство се особено битни и како економист ќе кажам дека секогаш не  гледаме на работите дека има економски бенефит од ова. Културното наследство и културниот туризам се теми кои се повеќе од значајни и треба постојано да се третираат заради нивниот економски, социјален, културен и еколошки карактер. Придобивките од културниот туризам и културното наследство се засилуваат преку економијата, така што нивното влијание е многу пошироко од само нивоата на директни трошоци.Тие се нашето минато, но и патоказ за нашата иднина.- истакна деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков.

Конференцијата е во организација на Факултет за туризам и бизнис логистика, Општина Штип, Институт за културно наследство и археологија и Национална асоцијација на тур-оператори и туристички агенции.