Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациски науки при УГД

Споделете
Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес свечено ја отвори Лабораторијата за квантитативни истражувања во економски и организациски науки при УГД.
Ова е една од серијата лаборатории во рамките на Универзитетот и ќе има едукативна цел за нашите студенти во рамките на сите циклуси на студии. Овде ќе можат да се изведуваат наставни и образовни активности кои се поврзани со квантитивните истражувања во проучување на економските области. Она што исто така е многу битно е тоа што лабораторијата ќе има научноистражувачка цел за професорите и истражувачите на УГДизјави проректорот за инвестиции, развој и одржување при УГД.
УГД во изминатиот период посветува внимание и инвестира во подобрување на научноистражувачката инфраструктура со цел да се зголеми научната работа на Универзитетот и публикацијата на научноистражувачки трудови. Како гостин на настанот, а воедно и како гостин предавач беше д-р Султанија Бојчева-Терзијан, директорка на Дирекцијата за статистика во Народна банка на Република Македонија, која пред студентите на Економскиот факултет одржа предавање на тема „Статистичките податоци на Народната банка: Клучен фактор за донесување одлуки засновани на докази”.