Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) Проф. д-р Мираковски: Иднината на Универзитетот е во новите, млади кадри

Споделете

Во традиционалното предновогодишно интервју за универзитетските медиуми, ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека развојот на УГД се должи на човечкиот потенцијал и тој мора да се засилува.

„Значаен исчекор прават научниците, особено младиот научен и наставнички кадар и ако сакаме да го задржиме темпото на развој и да бидеме компетитивни во светски рамки, мораме да вложуваме во нашите млади луѓе“, истакна ректорот Мираковски.

Во интервјуто тој се осврна на досегашната ситуација во 2023 година и кажа дека и годинава била полна предизвици и проблеми, но УГД ја покажа својата агилност и подготвеност да ги издржи различните предизвици.

„Свет кој излезе од најголемата криза во последните 50 години, Ковид, и влезе во безбедносни кризи на тлото на Европа, е ризичен за сите сектори, а и за високото образование. Со нашата брза трансформација и дигитализација ние покажавме дека сме отпорни на промените на модерното време“, вели проф. д-р Мираковски.

За плановите во 2024 година истакна дека има многу, особено за уште поголемо вмрежување на Универзитетот со европски и светски институции.

„Ние сме институција која има соработка со преку 400 образовни организации во целиот свет. Станавме дел од мрежи на универзитети и тие соработки ќе продолжат и во годината што доаѓа. Имаме сериозни проекти кои ги работиме со Министерството за образование, но и со Европската Унија. Очекувам оваа динамика да продолжи и во 2024 година“, вели ректорот на УГД.

Во продолжение погледнете го целосното традиционално интервју.