Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) Промовирани 13 доктори на науки на УГД

Споделете

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, УГД денес промовираше 12 доктори на науки од различни области.

Ректорот на УГД – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

Денес е денот на нивната промоција во чест на нашиот патронен празник. Како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори на науки, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки, отсек Фармација, а како што вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

Јас работев делумно на Универзитетот овде, делумно во Универзитетскиот институт за позитронска мисиона томографија, бидејќи е единствен институт којшто го работи ова поле во радиофармацијата и мојата теза беше воведување на нова методологија во развој која се користи за туморивели Чочевска.

Теодора Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на нејзиниот труд е мерење и изложеност на работниците на бучава по погон за производство за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабораторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во којашто работат. Според неа, реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

Новите доктори на науки од Факултет за медицински науки се:

  • Маја Чочевска – доктор на фармацевтски науки;
  • Катерина Колевска – доктор на фармацевтски науки;
  • Никола Симоновски – доктор на фармацевтски науки од областа аналитика на лекови;
  • Ромир Кадриу – доктор на медицински науки;
  • Амела Цана – доктор по стоматолошки науки;
  • Верица Јаќимовска – доктор на фармацевтски науки;
  • Ариан Даци – доктор по стоматолошки науки;
  • Емилија Рамбабова – доктор по стоматолошки науки.

Од Економскиот факултет:

  • Тодор Бадаровски – доктор по економски науки во областа на деловна економија.

Од Технолошко-технички факултет:

  • Филип Кочоски –  доктор по технички науки од областа на науката и технологијата за композитни материјали.

Од Факултетот за туризам и бизнис логистика:

  • Агим Асани – доктор на науки по туризам и угостителство.

Од Машинскиот факултет:

  • Теодора Топчева – доктор на науки во областа машинство.

Од Факултетот за образовни науки:

  • Сања Гацов – доктор на образовни науки – училишна педагогија.