Search
|     contact@ugd.edu.mk

(Видео) УГД преку соработка со бизнисот ќе формира Научноистражувачки центар за циркуларна и зелена економија

Споделете
Во рамките на соработката меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Стопанската комора на Македонија, денес беше промовиран проектот „Циркуларна и зелена економија“. Станува збор за проект кој ги спојува науката и бизнисот во Македонија.
Целта е да се изградат платформи за долгорочна соработка меѓу науката и бизнисот и да се обезбеди поддршка за имплементација на различни решенија во реалниот бизнис сектор.
Во рамките на проектот планирано е да се формираат два центри и тоа Бизнис центар за циркуларна економија во рамките на Стопанската комора и Научноистражувачки центар за циркуларна и зелена економија во рамките на УГД. Научноистражувачкиот центар ќе работи на развивање, надградување и примена на нови методи за решавање на проблемите во процесите на примена на циркуларната економија. За таа цел ние ќе ги зајакнеме постојните лабораториски капацитети со дополнителна опрема, но и преку специјализирани научноистражувачки престои на кадарот“, изјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.
Покрај ова, проектот ќе овозможува и различни активности за надградба на научниот кадар, како и обуки за бизнис секторот. Со ова ќе се зајакне соработката меѓу науката и бизнисот, но воедно и ќе се адресираат некои проблеми од циркуларната и зелената економија. Проектот е меѓу УГД и Стопанската комора на Македонија, а финансиран од Министерството за економија. Во продолжение проследете ја прес-конференцијата на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со ректорот на УГД, Дејан Мираковски и проректорот Дарко Лазаров.