Search
|     contact@ugd.edu.mk

Започна вториот уписен рок на УГД

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги објави деталите за вториот уписен рок за академската 2024/2025 година, кој ќе се одржи на 5 и 6 септември. Во овој рок, заинтересираните кандидати ќе можат да се пријават електронски преку порталот за уписи на веб-страницата на Универзитетот.

Во вториот уписен рок, на располагање се вкупно 3218 слободни места на различни факултети и студиски програми. Универзитетот нуди можности за запишување на редовни студенти во државна квота, студенти со кофинансирање, како и вонредни студенти.

Ослободување од партиципација

Како и во првиот рок, Универзитетот предвидува ослободување од партиципација за најдобрите рангирани кандидати.

Конкурсот може да се најде на следниот линк.