Search
|     contact@ugd.edu.mk

Виртуелна изложба „Ликовна визија“

Во периодот од 15 до 17 мај Ликовната академија на УГД го одржа Фестивалот на уметност „Ликовна визија“, кој се состоеше од две работилници...
Споделете

Во периодот од 15 до 17 мај Ликовната академија на УГД го одржа Фестивалот на уметност „Ликовна визија“, кој се состоеше од две работилници, како и отворање на две изложби – едната на реномираниот ликовен уметник Родољуб Анастасов во просториите на Академијата, а втората на тековни и дипломирани студенти во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница.

На 20 мај 2024 г. се отвора и третата изложба, која е воедно и последната активност што произлегува од овој фестивал. Станува збор за виртуелна изложба на цртежи и слики, резултат од двете одржани работилници на кои учествуваа студенти од Академијата и ученици од средните училишта во Штип, под менторство на ликовните уметници проф. м-р Мирослав Живковиќ и м-р Андреј Коруновски. До изложбата може да се пристапи преку влез на веб-страницата galerija.ugd.edu.mk или со скенирање на QR кодот на плакатот.