Search
|     contact@ugd.edu.mk

Нашите студенти

Нашите студенти

Стефан Коцев – Факултет за медицински науки, Општа медицина.

Освен редовните вежби кои ги имавме согласно со нашата наставна програма, ја имав таа среќа да бидам Еразмус студент, поминав еден семестар во Р. Бугарија во Пловдив. Имав можност да посетувам практична настава и во Русија, Самара.

Нашите студенти

Кристина Паунова – Електротехнички факултет

Најголем впечаток ми оставија предавањата за обновливите извори на енергија и преносните и дистрибутивните системи. Тие професори се најзаслужни за мојот голем интерес за овие области.

Нашите студенти

Денис Ѓоргиевски – Факултет за природни и  технички науки, насока Рударство

Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: квалитетната настава и стручниот кадар со кој може секој студент да воспостави одлична комуникација, а воедно располага со богата програма за студентите да го добијат вистинското образование.

Нашите студенти

Христијан Николовски – Музичка академија , студиска програма по Етнокорологија

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Да го поминам патот и системот на едукативниот процес во етнокореологијата со цел вистинско запознавање на традиционалната култура.

Нашите студенти

Ана Михаиловска – Факултет за природни и технички науки; студиска програма Инженерство за заштита на животната средина

Не само предност, јас чувствувам и привилегија да студирам под закрилата на ваков научно-образовен кадар. Високото образование раѓа доверба, а довербата раѓа надеж да го промените светот.

Нашите студенти

Никола Крстев – Факултет по информатика, програма  Компјутерски науки

Огромна предност на УГД, или барем на Факултетот за информатика, е достапноста на професорите. Сите професори и асистенти кои сум ги имал секогаш биле достапни и подготвени да помагаат и да потрошат дополнително време за да се дообјасни и разбере материјалот.

Нашите студенти

Трето место за студентите од Правен факултет на Moot Court натпревар и сертификат за најдобар говорник на натпреварот

Нашите студенти од тимот „A fortiori”, предводени од доц. д-р Елена Максимова и м-р Елена Трајковска, викендов учествуваа на Moot Court натпревар „Бранко Маринковиќ“ за познавање на постапката пред ЕСЧП