Упатство за авторите
Упатство
- Статиите поднесени за објавување може да бидат напишани на англиски или на македонски јазик ( се преферира на англиски јазик). Текстот треба да биде концизен. По правило статиите кои надминуваат 8 (осум) страници напишани во B5 (JIS) формат на страни нема да бидат објавени.
- Статиите треба да бидат позиционирани во соодветно научно поле и содржат оригинални научни трудови, прегледи, критики, необјавени истражувања, рани истражувачки резултати, испитувања, достигнувања и слично. Истите понатаму можат да бидат проширени за да бидат објавени на друго место.
- Сите ракописи поднесени за објавување мора прво да бидат рецензирани од двајца независни анонимни рецензенти и проценети врз основа на нивната оригиналност, значење и прегледност. После одобрувањето на ракописот од рецензентите, статијата се поднесува за објавување.
- Готовите трудови треба да бидат испратени во PDF формат на e-mail: fcs_yearbook@ugd.edu.mk со subject "Труд за разгледување".